Во следните денови услови за неврме со дожд, грмотевици ветер и град

Сподели со своите пријатели

Времето днеекса ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови, најпрвин на југот, а попладне и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додаваат од таму, во наредните денови ќе се задржи топло време, до сабота во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има во сабота. Во недела и понеделик ќе настапи преодно стабилизирање на времето со благ пад на температурата.

фото: Пиксабеј

Leave a Reply