Во следните денови со магла низ котлините и постудено

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и посвежо, по котлините со појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови претпладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната од 9 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со сосема кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од три степени во утринските часови до максимални 13 во текот на денот.

 

Loading...

 

Во следните денови времето ќе биде умерено до значително облачно, претпладне по котлините со појава на магла. Температурите ќе бидат пониски, а утринските на места ќе се спуштаат под нулата.

 

Никола Ивановски