Во Шпанија откриена шема за местење натпревари

Сподели со своите пријатели

Шпанската полиција растури шема за местење фудбалски натпревари во која биле вмешани играчи и клубови од пониските лиги.

Властите објавија дека повеќе од 20 лица се уапсени во вчерашната полициска операција, вклучувајќи играчи, но не ги објавија нивните имиња.

Натпреварите за кои постои сомневање дека биле местени се играле во третата и четвртата лига оваа и минатата сезона, а во шемата, како што тврдат од американската агенција, учествувале и кинески обложувалници.

Шпанската лига објави дека полициската операција е преземена по информациите кои се собрани од нејзините аналитичари за сомнителни активности. /МИА

Leave a Reply