Во селото Орашац волци задавиле најмалку 20 овци

Сподели со своите пријатели

Најмлаку дваесет овци биле задавени од волци во кумановското село Орашац.

Loading...

Соседите на сопственикот, Горан Николовски, ноќеска околу два часот забележале дека во околината има расфрлано заклани овци.

Цела ноќ траела вистинска потрага по останатите од вкупно 150 овци, но без успех. Утринава бил направен увид од ветеринар и полициски службеник.

Не е ретко да дојде до ваков настат во кумановските села. Само за потсетување, во селото Пчиња минатата недела волк задави неколку кози и овци.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.