Во САД скоро 2.000 жртви последното деноноќие

Сподели со своите пријатели

Во САД скоро две илјади луѓе починале од коронавирусот во изминатите 24 часа, објави универзитетот Џон Хопкинс.

Loading...

Како што е наведено, 1.973 лица починале изминатото деноноќие, а 1.939 ден претходно.

Во Америка, која во моментов е најголемото жариште на коронавирусот во светот, починале 14.695 лица, а скоро 450.000 се заразени.

Како Нов Зеланд го победи коронавирусот?

Бројот на починати во Америка сега ја надмина бројката во Шпанија, при што се пријавени 14.555 смртни случаи.

Земјата во која најмногу луѓе починаа од коронавирусот е Италија, каде починаа 17.669 лица.

Leave a Reply