Во сабота традиционално издание на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“

Сподели со своите пријатели

Традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија 2016 “во организација на општина Куманово ќе се одржи во сабота на 14-ти  мај на градскиот плоштад. На манифестацијата ќе учествуваат околу 2.000 ученици од најмала возраст до средношколците, а ќе се претстават со повеќе од 40 поединечни и групни маски.

И оваа година ќе има две маски од струмичкиот карневал Тримери, ние се залагаме општина Куманово и Куманово да биде членка на Европската асоцијација на карневалските градови за која треба да  исполниме некои услови и критериуми , апел до граѓаните да учествуваат помасовно – изјави Цоки Ристовски, раководител на Сектор за култура и спорт

И оваа година  учесниците ќе се соберат на спортскиот полигон кај училиштата „Крсте Мисирков “ и „Браќа Миладиновци“ , потоа ќе прошетаат по булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“, по „Гоце Делчев“ и во 11 часот ќе продефилираат пред жири комисијата и пред публиката на градскиот плоштад.

Пред се учество активно да земеме на маскенбалот кој е традиционален со тоа што минатата година заради настаните во Диво Насеље беше одложен, традицијата ја продолжуваме, Куманово полека, но сигурно ја гради традицијата и се враќаме на мапата на градови на карневали со тенденција во наредниот период да достигнеме повисоко ниво да влеземе во Федерација карневалска – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

На  маскенбалот ќе бидат доделени 10 награди, за освоено 1, 2 и 3 место за учесниците од градинка, од основните и од средните училишта, а традиционално жири комисијата прогласува и најиновативна маска.

Преземено од Телевизија Плус

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.