Во сабота ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“

Сподели со своите пријатели

Во сабота со почеток во 11 часот на градскиот плоштад ќе се одржи традиционалниот максенбал „Батко Ѓорѓија“ под покровителство на Општина Куманово и Советот на Општина Куманово.

Низа маски ќе продефилираат низ центарот на градот, а главната културно – уметничка програма ќе се одржи на градскиот плоштад.

Дел од маскенбалот ќе бидат поединечни и групни маски, а во ревијалниот дел ќе продефилираат маски од Струмичкиот карневал, ученици кои ќе бидат гости кај своите врсници од Куманово.

Највпечатливите маски ќе добијат и соодветни награди.