Во Русија се регрутираат убијци, силувачи, па дури и канибали

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин веќе регрутирал до 35.000 затвореници, вклучително и силувачи, убијци и канибали, за да се борат во војната во Украина, според Дејли мејл.

Loading...

Новите регрути ќе бидат помилувани без оглед на нивните злосторства доколку преживеат шест месеци војна.

Оваа недела, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, познат како „готвачот на Путин“, ја посети поранешната област Гулаг во источен Сибир и рускиот Далечен Исток за да регрутира повеќе осуденици.

Се сомнева дека илјадници од овие затвореници веќе загинале во борбите бидејќи биле користени како топовско месо за да се забави напредокот на Украина.

Олга Романова, од групата за човекови права „Русија зад решетки“, тврди дека 40 затвореници биле егзекутирани од приватната војска на Вагнер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија очекува да го снабдува Иран со 55 милијарди кубни метри гас годишно

– Тие се егзекутирани за дезертерство, предавање, грабеж, злоупотреба на алкохол или дрога и за сексуални односи – наведува тој и додава дека ваквите убиства се незаконски, но дека сега ќе се кријат како државна тајна.

Регрутирањето на затвореници од затворите со висока безбедност започна во јуни и сега се протега од Балтикот до Пацификот.

Затворениците се однесени до најблискиот аеродром, а потоа во воената база на Вагнер на обука, пред да бидат испратени на фронтот.

Loading...

– Оние кои одат на интервју, а потоа се сомневаат – не треба да одат. Ни требаат само оние кои се убедени дека сакаат да се борат, кои сакаат да се борат, на кои тоа им треба и чија физичка форма тоа го дозволува – наводно рекол Пригожин во еден од затворите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ бара итно ослободување на адвоките на Навални

– Ако дојдеш со нас, нема враќање. Никој нема да се врати во затвор – додаде тој.

Неделава Пригожин негираше дека Вагнер со чекан го убил Евгени Нужин (55), тврдејќи дека тоа е дело на американските специјални служби.

Да потсетиме, неодамна се прошири наводната снимка од убиството на тој осуден убиец кој стана платеник.

– Имам посебни овластувања од претседателот. Не ми е баш гајле за никого, по секоја цена морам да ја победам оваа крвава војна – се пофали претходно на средба со осуденици милијардерот Пригожин, кој и самиот е поранешен затвореник.

Независниот медиум ИСториес објави сведочење на затвореник од затворот во Копејск за тоа каква била ситуацијата кога Пригожин дошол да регрутира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Киев: Четири лица загинаа во рускиот напад

– Зелен хеликоптер со црвена ѕвезда ни прелета ниско над главите и слета. Пригожин влезе облечен во палтото со медали. Тој рече дека лета и регрутира доброволци, велејќи дека армијата на Министерството за одбрана е целосно бескорисна. Дека пијат, се дрогираат и не сакаат да се борат – опиша затвореникот.

Тој додаде дека поради оваа причина му требаат луѓе затворени за убиства и грабежи и дека „најверојатно ќе се вратат за силувачите во ноември“.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.