Во Русија пронајден тенк за „нуклеарна апокалипса“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Ростовскиот регион во Русија, пронајден е тенк „Ладога“ со прекар „возило за нуклеарната апокалипса“, стои во весникот „Росијскаја газета“.

Loading...

Според порталот, вкупно биле произведени пет возила од овој модел. Тие биле наречени и „тешки лимузини“, бидејќи требало да се користат како командно-штабни возила за високи воени и политички функционери на СССР.

Тенковите, кои можат да соберат шест лица, биле добро заштитени од оружје за масовно уништување, па биле тешки 42 тони.

Конструкторите на Ленинград го опремиле оклопното возило со моќни системи за вентилација и климатизација.

Тие, исто така, меѓу другото, ги поседуваат најновите, во тој момент, системи за врски и надзор, телевизиски камери и уреди за контрола на животната средина.

Првиот тенк е направен во раните 80-ти, базиран на тенк-шасијата Т-80 и моторот ГТД-1250.

Тенковите биле способни да се движат со брзина до 80 километри на час.

Возилото било тестирано за извидување во Чернобил во 1986 година.

Loading...

Подоцна, ова искуство се искористило за да се создадат посовремени модели на тенкот.

Leave a Reply