„Рајските документи“ кои протекоа во рамките на нова истрага од големи размери во британските оф шор раеви откриваат дека своето богатсво таму го криеле и државјани на Србија, меѓу кои и еден актуелен министер, пишува Мрежата за истражување на криминал и корупција КРИК.
Како е наведено на сајтот на КРИК, кој ја анализирал документацијата во врска со Србија, станува збор за министерот Ненад Поповиќ.
Претходно е објавено дека до „Рајските документи“ дошол германскиот весник „Зидојче цајтунг“ кој ги споделил со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари со повеќе од 380 новинари од 67 држави.
„Рајските документи“ откриваат каде светската елита го крие богатството

