„Рајските документи“ откриваат каде светската елита го крие богатството

Сподели со своите пријатели

Нови документи протекоа во рамките на проширената истрага од големи размери за британските оф-шор „рајски“ дестинации, кои откриваат дека најголемите светски компании, шефови на држави и луѓе од значење на глобално ниво, но и ѕвезди од светот на забавата и спортот, го криеле своето богатство во тајните порески раеви.

Пикантни детали кои сведочат и за финансиски сплетки на британската кралица Елизабета, големи мултионационани компании, членови на кабинетот на претседателот на САД Доналд Трамп и зетот на рускиот претседател Владимир Путин, избиваат на површина откако протекоа 13,4 милиони документи, пишува „Гардијан“.

Со објавувањето на т.н. „Рајси документи“ се разоткриваат глобални окружувања во кои затајувањето на порезот може да цвета и сложени и наизглед вештачки начини на кои најбогатите корпорации можат легално да го заштитат својот имот.

До комромитирачките материјали, кои протекоа од две оф-шор компании и регистри на 19 порески раеви, дошол германскиот весник „Зидочје цајтунг“, а ги споделил со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари со партнери, меѓу кои и „Гардијан“, „ВВС“ и „Њујорк Тајмс“.

Проектот се нарекува „Рајски документи“, а во целина ќе бидат обелоденети наредните недели.

Документите откриваат дека милиони фунти од приватните средства на кралицата Елизабета биле инвестирани во фонд на Кајманските острови, а еден дел од парите заминал во компанија која е обвинета дека искористува сиромашни семејства и загрозени луѓе.

Документите пружаат увид во тајните финансиски чекори на членовите на кабинетот на Трамп, советникот и донаторот, вклучувајќи и значајни уплати од фирми чиј косопственик е зетот на Путин, шпедициска група на американскиот министер за трговија Билбар Рос.

Од документите може да се дознае како компаниите „Твитер“ и „Фејсбук“ примале стотици милиони долари инвестиции чиј траг води до руските државни финансиски институции.

На површина испливал и податок дека на чело на трустот на Кајманските острови, кој избегнувал да плати порез е главниот човек на канадскиот премиер Џастин Трудо, задолжен за финансии.

Со прикривање порез, како што откриваат овие документи, се занимавале и мултионационални компаии меѓу кои „Најк“ и „Ејпл“.

Објавените документи изнесуваат на светлост на денот и како некои од најзначајните имиња во филмската и телевизиска индустрија го штителе своето богатсво во низа оф шор шеми.

Комплексни оф-шор мрежи користеле и двајца руски милијардери за да купуваат акции во фудбалските клубови Арсенал и Евертон, наведува британскиот дневник повикувајќи се на протечените документи.

Објавувањето на оваа истрага, за која повеќе од 380 новинари година дена преминувале во податоците кои датираат 70 години наназад, се случува во момент на растечката нееднаквост на приходите на глобално ниво.

Во меѓувреме, мултионационалните компании бележат се поголем удел во оф шор профитите, од дури 600 милијарди евра само во минатата година, а тоа познатиот економист Габриел Закман го открива во студија која ќе биде објавена исто така во текот на следната недела.

– Пореските раеви се еден од клучните мотори за порастот на глобалната нееднаквост. Како нееднаквоста расте, оф шор затајувањето порези станува елитен спорт, вели Закман.

Во центарот на скандалот со податоците е „Еплби“ (Appleby), правна фирма со испостави во Бермудските, Кајманските и британските Девствени одстрови, островите Мен, Џерзи и Гернзи.

За разлика од „Мосак Фонсека“, дискредитираната фирма која се наоѓа во центарот на минатогодишната истрага за т.н. „Панамски документи“, „Еплби“ се гордее со тоа што е водечки член на „магичниот круг“ на главните понудувачи на оф шор услуги.

Компанијата „Еплби“ соопштува дека ги испитала сите наводи и утврдила дека нема докази за било каков престап, било од страна на таа компанија или нејзините клиенти.

– Ние сме правна компанија која ги советува клиентите за легални и законски начини на водење бизнис. Не толерираме незаконско однесување, се наведува во соопштенито.

Најновото откритие ќе изврши притисок на светските лидери, вклучувајќи ги Трамп и британската премиерка Тереза Меј, кои ветуја дека ќе се пресметаат со агресивните шеми за затајување порез, заклучува „Гардијан“.