Во пубертетот открила дека има нешто ненормално меѓу нозете: Се шокирала на прегледот кај гинеколог!

Сподели со своите пријатели

Австралијката Ти Бартлет имала 16 години кога прв пат сфатила дека е ненормално жена да има две вагини.

Loading...

Таа пораснала во незнаење мислејќи дека сите жени имаат што и таа, се додека прв пат не отишла на гинеколог. Што е најинтересно, никогаш не разговарала за тоа со својата мајка.

– Верував дека сите жени имаат две вагини. Не ми беше чудно што морам да ставам по два тампони за време на циклусот. Дури кога прв пат прашав дали има разлика во ставање тампони во вагиините, таа рече веднаш рече да одиме на преглед. Делуваше нервозно. Никогаш со неа не сум водела такви или слични разговори, туку секогаш молчеше, пишува Дејли мејл.

Додека основано сомнева дека мајката некогаш и забележала додека била бебе дека има две вагини, Ти вели дека и таа била изненадена кај гинекологот, или дека барем добро глумела.

– Се чудеше и таа на прегледот од каде во мене две вагини. Јас бев збунета, повредена и лута. Лекарот по деталниот преглед ми рече дека имам вагинален септум, состојба кога во најраниот живот вагината не се развила како што треба, па во неа се појавил природен ѕид кој ја поделил на два дела, вели Ти.

Тогаш ѝ било кажано дека сексуалните односи ќе бидат крајно комплицирнаи и болин, баш како и породувањето по природен пат.

– Веќе наредното лето, значи во 17та година заминав на операција за отстранување на тој септум. Сега сум „нормална“. Она што ме запрепасти е колкав е бројот на девојки кои реагираа и коментираа на мојот пост дека и тие имаат сличен проблем, односно дека не ни знаеле дека тоа нешто не е нормално, вели Ти која својот пост го објавила на Инстаграм и ТикТок.