Во престрелка со полицијата спречен трет грабеж на бензинската пумпа „Твинс Петрол“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Рано утринава, околу 4 часот на ул. „11ти Октомври“ во кругот на Железничката станица, двајца маскирани сторители извршиле разбојништво во обид над вработената на бензинската пумпа „Твнис Петрол“.

Loading...

Имено откако влегле во бензинската пумпа, едниот од разбојниците извадил пиштол со кој и се заканувал на вработената. Бидејќи ова е трет пат на истата пумпа да се случува грабеж со закана од огнено оружје, полициските службеници од ПС Куманово биле во заседа, при што во моментот кога ги забележале сторителите, ги предупредиле да се предадат. Притоа еден од сторителите со пиштолот во рака се свртел кон полицајците, по што истите испукале неколку куршуми најпрвин во воздух, а потоа неколку истрели и кон злосторниците. Двајцата сторители во тој момент се дале во бегство, но едниот од нив поради здобиените повреди паднал, додека другиот успеал да избега од местото на грабежот.

По извршениот информативен разговор од страна на полицијата со приведениоет, констатирано е дека се работи за Б.Х.(19) од с. Сингелиќ. По укажаната лекарска помош во МЦ – Куманово, Б.Х. бил пренесен во КЦ – Скопје. Увид на лице место извршиле јавниот обвинител и увидна екипа при што бил пронајдтен и подигнат еден пиштол за вештачење.

Вториот сторител е во бегство и по него активно се трага.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.