Во пожар на транспортен брод изгореа 4.000 луксузни автомобили (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Минатата среда избувна пожар на брод кој превезуваше речиси 4.000 автомобили , а во моментот на несреќата се наоѓаше во близина на Азорските Острови. Сите членови на екипажот беа спасени благодарение на брзата интервенција на португалската морнарица, додека гасењето на бродот беше само делумно успешно.

Loading...

Капетанот Жоао Мендес Кабесас им објасни на медиумите што се случува во моментов: „Пожарот стивна во последните часови бидејќи на бродот остана малку гориво“. Ова јасно покажа дека сите автомобили изгореле.

 

 

Кабесас претходно изјави дека пожарот го „одржувале“ литиум-јонските батерии од електричните автомобили и дека со голема брзина се приближувал до резервоарите за гориво. Во секој случај, потребна беше специјална опрема за гаснење на овој пожар, а и тогаш гаснењето на пожарот беше тешко.

Според внатрешната е-пошта на Блумберг, на бродот имало 3.965 автомобили. Од нив, околу 1.100 се Порше, а  189 се Бентли. Остатокот паѓа на Фолксваген, Ауди и Ламборџини, вклучувајќи ги и електричните модели.

 

Loading...

 

Економистот Патрик Андерсон ја зголеми првичната проценка од 255 милиони долари штета на 282 милиони долари. Тој претпоставува дека изгореле 75% од автомобилите и зема кумулативна вредност на товарот од 376.675.000 долари, или 95.000 долари по автомобил.

Овде треба да се нагласи дека проценката не ги вклучува трошоците за санација на животната средина, штетата на бродот, обесштетувањето на екипажот и трошоците за самата спасувачка операција. Сеуште не е познато каде ќе се влече Фелисити Ас, во европските води или до Бахамите.