Во последна четвртина Куманово загуби од Еуро Никел (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 78:79 кошаркарите на Куманово забележаа пораз на денешниот натпревар против Еуро Никел, откако цели три четвртини имаше солидно водство.

Loading...

 

 

Гостинскиот состав го отвори мечот со кош, но се играше наизменично. Куманово успеа да го надигра противникот и веќе по првите десет минути на паркетот да има водство со четири поени, односно резултат 24:20.

 

 

Loading...

Сепак Еуро Никел не се даваше лесно, па во вториот дел од мечот се играше буквално кош за кош, а тоа го покажува и статистиката 19 поени за двете екипи во овој период.

 

 

На полувреме сепак се замина со водство на кумановци со 43:39.

 

 

Loading...

Во вториот дел од средбата избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски повторно покажаа дека можат да го надиграат противникот, кој се мачеше да го стигне темпото на кумановци.

 

 

Сепак последните десет минути од средбата беа фатални за Куманово. Деветте поени со кои ги надигра гостинскиот состав во овој период беа сосема доволни со еден поен да ја „украдат“ победата на кумановци.

 

 

Loading...

Со 18 поени најефикасен беше Отис Ливингстон, поен помалку има Дамјан Робев, а двоцифрени поени имаат и Горјан Марковски и Бранислав Ѓекиќ.

 

 

Во составот на Еуро Никел најдобра игра прикажа Роберт Рикиќ.

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply