Во понеделник протест кај Искрин мост

Сподели со своите пријатели

Група револтирани граѓани најавуваат мирен протест со кој сакаат да алармираат до надлежните за алтернативниот пат кај Искрин мост.

Loading...

Незадоволни од како што велат спората реконструкција, ќе го блокираат патот во понеделник, во 09 часот.

Најавуваат дека блокадата за која веќе е известено Министерството за внатрешни работи, ќе трае околу 2 часа.

 

 

Мостот на реката Пчиња, на регионалниот пат Куманово Свети Николе е затворен повеќе од еден месец, по одлука на Министерството за транспорт и врски.

 

Loading...

 

Министерството најави дека мостот нема да биде во функција 100 дена.

Затворањето е поради изместување на еден од носечките столбови за 70 сантиметри.

 

 

Жителите кои живеат во околните села веќе организираа миран протест, по што издејствуваа асфалтирање на дел од патот под мостот. Но тие се уште се незадоволни, бидејќи велат „ги уништуваме возилата“.

Loading...

Санацијата на Искрин мост започна лани, а е предвидено да трае до јуни наредната година.

 

Извор: ТВ Плус