Во понеделник финале на проектот „Револуција на таленти“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Музичкиот натпревар во организаија на Revolution Cafe и телевизија Плус во понеделник ќе го доживее своето финале.

Loading...

Проектот кој овој месец се реализираше успеа да обезбеди три талентирани имиња кои на 21ви септември со почеток од 20 часот ќе се борат за првото место.

Во финалниот круг од проектот свое место обезбедија Мирјана Милановска, Драгана Арсовска и Мартина Денковска. Тие во понеделник пред гостите во Revolution Cafe ќе се обидат да ги освојат гласовите во што поголем број, бидејќи победникот добива песна и професионален видео спот во режија на телевизија Плус.

На финалната вечер во ревијалниот дел ќе настапи заштитното лице на проектот, Мартинијан Кириловски, а специјален гостин ќе биде и Мартин Мила.

Додека го чекаме финалето, вие проследете дел од случувањата во првата емисија од кумановската „Револуција на таленти“.