Во понеделник – дискусија на тема: „Како дебатираат пратениците во Собранието?“

Сподели со своите пријатели

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ организира јавна дискусија на тркалезна маса на тема „Како дебатираат пратениците во Собранието“, на која се поканети да учествуваат актуелни и поранешни пратеници од Изборната единица 2, експерти, граѓански здруженија и новинари.

Loading...

Тркалезната маса ќе се одржи во салата на Советот на Општина Куманово на 28 септември (понеделник) од 11 до 14 часот и ќе биде отворена за јавноста.

Во воведниот дел, претставникот на ИДСЦС, ќе ги презентира наодите и заклучоците од 10 месечното набљудување на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот од јуни 2014 до мај 2015 година.

Во вториот дел излагања ќе имаат поканетите пратеници во Собранието по што диксусијата ќе биде отворена за сите присутни.

Тркалезната маса се организира во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“ финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права – ЕИДХР и кофинансиран од Институтот за демократија и Институтот за Источна, Централна Европа и Балканот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.