Во Полска уапсени 18 лица за планирање атентат на Зеленски

Сподели со своите пријатели

Во Полска се уапсени 18 лица осомничени за планирање непријателски активности и саботажи во име на Русија и Белорусија, вклучувајќи го и убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Полското Министерство за внатрешни работи соопшти дека саботажата е дел од поширок план кој вклучува и сајбер напади и туркање мигранти од Белорусија во Полска.

Бројот на обиди за илегално преминување на границата од Белорусија во Полска се зголеми во последните месеци од десетина на речиси 400 дневно.

Во Полска и ЕУ велат дека мигрантите станале пиони на Русија и Белорусија, кои сакаат да ја дестабилизираат Европа поради нејзината поддршка за Украина.

„Тука не се занимаваме со ниту еден барател на азил, туку со координирана, многу прецизна операција на многу нивоа, чија цел е да се пробие полската граница и да се обиде да ја дестабилизира земјата“, изјави Доналд Туск, полскиот премиер, пренесува ХРТ.