Во петок во Театар Куманово ќе се прикажува филмот „Збор“

Сподели со своите пријатели

Во петок на репертоарот на Театар Куманово е закажана проекцијата на филмот „Збор“ во режија на Слободан Деспотовски, кој е снимен со поддршка на Агенцијата за филм и МРТ.

Loading...

Филмот раскажува приказна за двајца пријатели: Горди – кој го почитува законот и кој сака да се обезбеди за староста што доаѓа но и да ја обезбеди иднината на неговата ќерка Александра, и Арно – некогашен легионер, човек без вера ни закон. Приказната открива дека Горди не го почитува законот и дека Арно, сепак, има еден закон – дадениот збор, кој ќе го почитува на свој, крвав начин.

Во составот на актерската екипа се: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Велјановски.
Проекцијата на филмот е закажана во 19 часот,а  цената на билетите е 100 денари.