Во петок се отвара седмото издание на ”Кумановски графичари 2015”

Сподели со своите пријатели
 
Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, во петок / 30 октомври/ со почеток во 19,30 часот ќе биде отворена биеналната иложба на графика “Кумановски графичари 2015“.
На изложбата учество ќе земат академските графичари: Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Мила Трендафиловска и Елеонора Накевска.
Изложбата “Кумановски графичари 2015“ е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.