Во петок ќе се одржи традиционалниот градски „Маскенбал“

Сподели со своите пријатели

Завршно со утре ќе трае пријавувањето за учество на деца и младинци за традиционалната манифестација „Маскенбал“ на конкурсот објавен од страна на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат до 14 часот, а манифестацијата ќе се одржи на 1-би април со почеток во 19 часот.

Годинешнава манифестација ќе ја водат актерите од Tеатар, Куманово , Марко Трајковиќ и Александра Михајловска. На манифестацијата стручно жири ќе додели прва,втора и трета награда, награда за иновативна маска, групна маска и за сценски настап.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.