Во Перу е пронајдено тело на свештеник погребан пред 3.000 години

Сподели со своите пријатели

Археолозите во северниот дел на Перу откопаа гробница стара 3.000 години за која се верува дека е погребот на „свештеникот од Пакопампа“, елитен верски водач во таа област во тоа време.

Loading...

Телото на свештеникот е пронајдено закопано под шест слоја пепел измешан со црна боја, со украсени керамички чинии и печати кои укажуваат на античка ритуална боја за тело што ја користеле луѓето кои припаѓаle на социјалната елита, соопшти Министерството за култура на Перу, а пренесе Ројтерс.

По должината на горните рабови на гробницата се пронајдени и два печати, едниот со антропоморфно лице свртено кон исток, а другиот со лице на јагуар свртено кон запад.

„Иако оваа личност беше маж, асоцијациите се многу необични. Мислам дека тој бил лидер во своето време“, рече водачот на проектот за ископување Јуџи Секи, додавајќи дека големите димензии на гробницата, речиси два метри во дијаметар и длабочина од еден метар, се невообичаени, како и положбата на телото, кое било свртено со лицето надолу, со скрстени нозе.

Проектот за археолошко ископување на Пакопампа во областа трае од 2005 година, соопшти Министерството, додавајќи дека карпестите слоеви укажуваат дека свештеникот, кој најверојатно бил погребан околу 1.200 година п.н.е., бил пет века постар од гробовите на „Госпоѓата Пакопампа“  и „Јагуар змија свештеник од Пакопампа“, кои беа откриени во 2009 и 2015 година.