Во Париз пристигнаа 245 француски државјани и странци евакуирани од Судан

Сподели со своите пријатели

Околу 245 француски државјани и странци неодамна евакуирани од Судан денеска со авион пристигнале во Париз, јави агенцијата Франс прес.

Loading...

Авионот кој дошол од Џибути, околу 7:30 часот слетал на пистата на аеродромот Роаси-Шарл де Гол.

Според Франс прес, авионот за евакуација од Судан бил изнајмен од француските власти.

Меѓу патниците, кои ги пречека шефицата на француската дипломатија, Катрин Колона, имало 195 Французи, како и Холанѓани, Италијанци, Новозеланѓани и Суданци, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

72-часовно примирје меѓу завојуваните страни во Судан, договорено под покровителство на САД, делумно беше забележано вчера во Картум.

Странските земји бараат да ги евакуираат своите граѓани од таа земја во хаос.

Според ОН, во борбите загинале 459 луѓе, а повеќе од 4.000 биле ранети.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...