Во Париз отворен парк за нудисти

Сподели со своите пријатели

Градските власти на Париз вчера во аркот Боа де Венсен на истокот од градот отворија простор резервиран само за нудистите, пренесуваат тамошните медиуми.

Членот на Здружението на натуристи на Париз, Жиљен Колед Пенегри изјаив дека тоа е експериментален проект на отворено и кој до сега не постоел во Париз.

Градските власти наведуваат ека овој простор ќе биде бесплатен и отворен до 15 октомври. Ќе биде заграден и со пластика за да останатите шетачи во најголемиот градски парк не навлезат во зоната за нудисти.

Ќе има закачено и плакат со предупредување на забрана за воајеризам и езгибиционизам.

Зоната ќе биде на површина од 7.300 квадратни метри и ќе биде отворена од 8 до 19:30 часот.

Парижаните веќе имаат еден јавен базен на кој може да се капат голи три пати неделно, а во земјата има околу 460 зони резервирани само за уживање без облека, што опфаќа 155 кампови и 73 плажи.

Имено, како се наведува од здружението, во Франција има над 2,6 милиони луѓе кои редовно практикуваат нудизам.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.