По завршувањето на работното време светлата ќе бидат исклучени во канцелариите и продавниците во Париз.
Со одлука на градот Париз да заштеди струја, од денеска канцелариите и продавниците во главниот град на Франција ќе ги исклучат светилките на крајот од работното време.
Одлуката се однесува на дигиталните екрани во излозите и осветлувањето.
„Franse Bleu“ (Франција), мрежа на локални и регионални радио станици во Франција, објави дека компаниите кои нема да ја почитуваат одлуката ќе бидат казнети од 750 до 1.500 евра.
Рекламните билборди, за кои е надлежен градот, ќе бидат исклучени во периодот од 23:45 до 06:00 почнувајќи од 1 декември.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.