Во овој европски град носкоро никаде нема да може да се запали цигара

Сподели со своите пријатели

Холандскиот студентски град Гронинген сака да стане првиот град во кралството, но и во светот, во кој ќе биде воведена општа забрана за пушење.

Loading...

Како што пренесува „Хановерше алгемајне“, тоа е мнозинска одлука на градскиот совет на Гронинген.

Со тоа е подготвен терен за воведување мерки кои драстично ќе го променат животот во градот од околу 231.000 жители, а според пишувањето на списанието, зад таквата идеја не стојат политичарите, туку и 26 граѓански организации, кои веќе овеле забрана за пушење на своите имоти, вклучително и болници, два универзитети, државни згради и училишта. Во парковите, на детските игралишта и градини на многу ресторани, цигарите во меѓувреме се забранети.

– Сметам дека е добро што во целиот град ќе биде забрането пушењето. Ако не смеете да пушите, тогаш тоа и не го правете, вели студентот Ханс Јан Риспенс (21).

Лекар за болести од зависност Роберт ван де Граф кој исто така сака Гронинген во целост да се ослободи од чадот, вели дека децата се во прв план. Ако растат во град во кој не се пушти, и тие нема да почнуваат да пушат.

Неговата иницијатива нема за цел да казни било кого. Тој смета дека луѓето треба да престанат сами од себе и така да создадат „генерација ослободена од чад“.

Leave a Reply