Во оваа држава е дозволено да возите само бел автомобил

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Туркменистан Гурбангулиев Бердимухамедов забранил користење на црните автомобили во главниот град Ашгабат, а потоа се појавила информација дека полицијата ги плени сите автомобили, освен белите.

Пред три години во Туркменистан е забранет увоз на црните автомобили, но засега не е донесен закон кој забранува тие да се користат.

Претседателот на Туркменистан пука, фрла ножеви, прави згибови и се претставува како БОГ (видео)

И покрај тоа, еден локален портал пренесува дека жителите на Ашбат едно утри виделе дека им ги нема автмобилите, за да за кратко време сфатат дека им се запленети, пренесува „Кликс“.

Првите денови од оваа година на сопствениците им биле вратени автомобилите, но дури кога потпишале документ со кој се обврзуваат дека ќе ги префарбаат во бела или некоја посветла боја.

Тоа веднаш резултирало со покачување на цените во локалните механичарски работилници, така што фармањето наместо 500, изнесува 1.000 долари и повеќе.

10 работи за Туркменистан кои сигурно не сте ги знаеле

Владата засега не издала официјално соопштение за тоа, а се верува дека белата е омилената боја на претседателот на Туркменистан, кој наводно е суеверен.