Во Осло ќе се додели Нобеловата награда за мир

Сподели со своите пријатели

Норвешкиот Нобелов комитет ќе ја додели денеска Нобеловата награда за мир, единствената која се прогласува и врачува во Осло.

Loading...

Листата со номинираните е тајна, а единствено е познато дека оваа година бројот на номинирани изнесува 318, меѓу кои се 211 поединци и 107 организации.

Во обложувалниците, меѓу главните фаворити за наградата се Светската здравствена организација, шведската активистка за борба против климатските промени Грета Тунберг и организацијата за слобода на медиумите Репортери без граници.

Габриела Точко

Leave a Reply