Во опаѓање бројот на нови случаи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (14.02.2022 до 20.02.2022) во Куманово е регистриран пад на бројот на нови случаи споредбено со неделата претходно.

Loading...

Според статистиките на Министерството за здравство во текот на изминатата седмица се регистрирани вкупно 293 нови случаи во Куманово (заедно со Липково и Старо Нагоричане), додека во седумте дена претодно, биле регистрирани 422 новозаболени.

Најмногу нови случаи за еден ден во текот на изминатата недела биле регистрирани во вторник, дури 61 лице позитивни на ковид-19.

Во текот на изминатата недела починати се седум лица поради компликации од коронавирусот, додека неделата претходно имало 12 починати пациенти.

Заклучно вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во Куманово активни се вкупно 333 случаи.

Од почетокот на пандемијата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане регистрирани се 16.013 случаи позитивни на ковид.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.870.093 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на починати е 8.898 а бројот на активни случаи изнесува 7.595.

Никола Ивановски

Loading...