Во Охрид се одржа втор летен кошаркарски камп на КК ”Пинк Пантери” (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери од Куманово втора година по ред организира свој меѓународен кошаркарски мап во Охрид. Kампот се одржа од 4- 13 август.

Loading...

 

На кампот оваа лето учествуваа 100 деца од четири држави: Македонија, Србија, Шпанија и Германија. Со нив работеа 11 квалитетни кошаркарски тренери и тренер по атлетика. Се тренираше двапати на ден по посебно изработена кошаркарска програма од страна на професорот Ратко Јоксиќ, кој воедно беше и координатор на кампот.

Децата тренираа на два кошаркарски терени, поделени во четири групи, спорет возраста, но и кошаркарското знаење.

 

 

Гост на кампот беше и Слободан Вукчевиќ, познат кошаркарски менаџер за млади играчи кој живее и работи во Шпанија.

Градот Охрид нуди одлични услови за организација на еден квалитетен кошаркарски камп. Покрај редовните кошаркарски аткивности на децата и семинари за тренерите во слободно време, сите кампери имаа можност за секојдневно капење во езерото и посета на културните знаменитости во градот.

Loading...

 

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.