Новата премиера ”Зад кулисите” – нов жанр за кумановската публика (видео)

Сподели со своите пријатели

„Зад кулисите“ од авторот Мајкл Фрејн, а во режија на Билјана Радиноска,  е новата премиера во сезона 2015 година, најави на денешниот прес Театар Куманово. 
 
 „Зад кулисите“ е комична драма на Мајкл Фрејн за еден театарски ансамбл, „собран“ и „составен“ да создаде профитабилна претстава, но нивните лични мотиви, љубовни врски, амбиции и фрустрации го водат овој обид во сè поизвесен крах, вели режисерот Радиноска. 
– Оваа претстава во претстава го бележи она што се случува на сцена, но благодарејќи на двостраната сценографија, ѕирка и зад кулисите, во моментите кога глумците не ги играат своите улоги.
Премиерата на претставата ”Зад кулисите” ќе биде изведена во НУ Театар Куманово во вторник /14 јули/ со почеток во 20 часот.
 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.