Во ноември се очекува првото пробно полнење со вода во кумановскиот затворен базен

Сподели со своите пријатели

Затворениот олимписки базен до  крајот на ноември ќе биде ставен во пробна функција, јавува локалната кумановската локалана телевизија ТВ Плус.

Loading...

Како што е најавено, имплементација на проектот Градски базен со комерцијални содржини е во завршна фаза, како и изработката на партерното уредување  околу базенот.

Во изјавата, кумановскиот градоначалник најавува и изградба на мал аква парк со градина, како и други придужни објекти, со што според планот, базенот ќе биде пуштен во употреба во мај идната година, пренесува кумановската локална ТВ станица.

– Се местат машинските делови, клима коморите, затоплувањето, донесени се и палионици за гас, наместени се сончеви колектори, ќе биде поставено подно затоплување, остануваат некои завршни работи, санитарии, а влезната партија е комерцијален дел кој е во големина од околу 2500 метри квадратни површина дело кој е предвиден за спортски хотел со спа центар,  вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Што се однесува до комерцијалниот дел на кумановскиот затворен базен, градоначалникот во изјава за ТВ Плус вели дека ќе биде објавен оглас за концесионер или купувач, со што се претпоставува дека повеќе од  50 проценти ќе бидат вратени средствата за изградба на базенот.