Во недела ќе се одржи Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм “ФИЛМАЈ 2021” во Куманово

Сподели со своите пријатели

Фото-кино клуб “Козјак” – Куманово известува дека во недела (26 септември 2021) во Центарот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово ќе се одржи Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2021” .

Loading...

И покрај првично одложеното одржување, програмата на фестивалот останува иста – ќе бидат прикажани 10 кратки филмови во вкупно времетраење од 2 часа и 40 минути.

За фестивалот (планиран да почне во 19:00 часот) бесплатни билети ќе може да се подигнат пред самиот влез на ден на фестивалот од 18:00 часот. Публиката во салата ќе може да влегува од 18:30 часот, согласно важечките здравствени протоколи.

Дополнителни детали може да се најдат на следниве адреси: ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ , како и на ФБ-страна за самиот настанот ФИЛМАЈ 2021 .

Интегрално соопштение