Во наредните денови студот полека ќе попушта

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со минимални услови за појава на снег во ранит претпладневни часови и тоа во североисточниот дел од земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен северен ветер.

Времето во Куманово и околината во текот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег и слаб ветер од источен правец. Температурата во текот на денот ќе достигне максимална вредност од шест степени целзиусови, додека во текот на ноќта ќе се спушти до еден степен во негатива.

Во наредните денови, како што стои во извештајот на УХМР, ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност, а утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.