Во напад со дрон во Судан, уништен цел конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур

Сподели со своите пријатели

Напад со беспилотни летала врз конвој на Обединетите нации ги запали и уништи сите 16 камиони што транспортираа храна до северен дел од Дарфур, погоден од глад во Судан, објавија вечерва Обединетите нации.

Loading...

Според портпаролот на ОН, сите возачи на конвојот на WFP и помошниот персонал се безбедни.

Не е познато кој е напаѓачот, беше објавено.

Ова е втор ваков напад во последните три месеци, извршен со намера да се спречи конвој на ОН да достави храна во Северен Дарфур.

Во јуни беше нападнат конвој на Светската програма за храна и УНИЦЕФ, при што загинаа пет лица, а неколку други беа повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД воведоа нови санкции за компании кои нелегално тргуваат со Иран

Судан е во граѓанска војна од 2023 година. Од едната страна е армијата, од другата паравоените Сили за брза поддршка.

40.000 луѓе загинаа во војната, а 13 милиони избегаа. Околу 25 милиони луѓе се изложени на ризик од акутен глад, според ОН.