Во Москва уапсен напаѓач: Се обидел да го запали мавзолејот на Ленин

Сподели со своите пријатели

Напаѓачот кој се обидел да го запали мавзолејот на Ленин на Црвениот плоштад во Москва е приведен, изјави денеска претставник на безбедносните сили за ТАСС.

Loading...

„Инцидентот се случил во понеделникот вечерта околу 10 часот по московско време, кога лудак се приближил до мавзолејот и фрлил шише полно со запалив материјал во правец на предметот. Тоа не предизвикало пожар, а полицијата брзо го фатила напаѓачот“, рече изворот.

Тој се товари дека одбил да послуша полициска наредба, додека се разгледува кривичното дело хулиганство.

Мавзолејот не претрпел никакви оштетувања.