Во моментот во Т.Ц Табановце престојуваат 83 мигранти

Сподели со своите пријатели

Осудесет и три мигранти е бројката на лица кои во моментот престојуваат во Транзитниот центар Табановце, јавува Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот билтен.

Според РЦУК, лицата згрижени во центарот добиваат по три оброци дневно, дистрибуирани од приватни фирми и невладини организации кои во време на рамазанските пости пројавиле интерес за донација во транзитните центри Гевгелија и Табановце.

Во услови на затворена т.н Балканска рута од март годинава и тогашните отворени коридори за непречен проод на мигранти, бројката на лица по затворање на границите со соседна Србија, од 1400 лица денес изнесува само 83 лица.

 

Loading...