Во Минхен се гради платформа за летечки такси возила

Сподели со своите пријатели

Пратениците во Собранието на градот Минхен соопштија дека сакаат на главната железничка станица во Минхен да изградат платформи за слетување на летечки такси возила.

Петмина членови на собранието на градот од партијата Христијанско-сосцијална унија поднеле предлог со кој од железничката компанија „Дојче бан“ бараат да се разгледаат платформите за слетување на такси возила во идниот план за реновирање на станицата.

Кинезите го претставија првото летечко такси (ВИДЕО)

Loading...

– Се очекува дека технологијата во наредните неколку години ќе напредува толку што такси превозот со летање ќе превезува луѓе, се наведува во предлото на групата пратеници.

Партијата од скоро, како што потенцира АП, се залага за идејата за летечко такси како идно превозно средство.

Leave a Reply