Во Мичиген самоубиство на напаѓачот кој уби тројца и рани пет лица

Сподели со своите пријатели

Напаѓачот кој уби три и рани пет лица во студентскиот камп на Универзитетот во Лансинг, Мичиген, се самоуби, соопшти американската полиција.

Loading...

Неколку стотици полицајци тргнале во потрага по напаѓачот чија фотографија ја објавила полицијата. Тој бил пронајден недалеку од местото на нападот.

„Осомничениот напаѓач се самоубил со огнено оружје“, соопшти полицијата.

Напаѓачот синоќа по 20 часот по локално време отвори оган во студентскиот камп на универзитетот.

Полицијата набрзо објави фотографија на осомничениот, низок црнец облечен во тексас јакна, црвени чевли и бејзбол капа.

Универзитетот ги суспендираше сите активности на 48 часа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Постигнувањето договор за ослободување на заложниците што ги држи Хамас е многу блиску

САД плаќаат многу висока цена за лесен пристап до огнено оружје. Секој трет возрасен поседува барем еден пиштол, а речиси секој втор живее во дом со пиштол.