Во Мексико денеска почнува вакцинацијата на здравствените работници

Сподели со своите пријатели

Мексиканските власти соопштија дека денеска ќе почне вакцинирањето против Ковид-19 на здравствените работници.

Loading...

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Обрадор, непосредно пред заминувањето на вакцините на Фајзер/БиоНТек од Белгија, изјави дека првите вакцинации ќе започнат во болниците во главниот град и во градот Салтило во северниот дел на земјата.

– Вистина е дека се соочивме со страшна епидемија, но денес е почетокот на нејзиниот крај, рече мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард.

Тој не одговори колку точно вакцини ќе пристигнат во Мексико, а некои мексикански медиуми тврдат дека од Белгија пристигнуваат само 3.000 дози вакцина.

Покрај договорите со „Фајзер“, Мексико потпиша договори за набавка на вакцини и со други производители.

Досега во Мексико се потврдени повеќе од 1,4 милиони случаи на коронавирусот и 119.495 смртни случаи.

Јасмина Тасевска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *