Во Македонија во моментот 1600 административци седат дома, а земаат плата

Сподели со своите пријатели

Во Македонија во моментот, 1.600 административци седат дома, а земаат плата. соопшти вчера државниот секретар од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА),  Јахи Јахиу.

Loading...

Оваа бројка е дел од спроведувањето на Рамковниот договор – државни службеници немаат работен ангажман, но имаат редовни месечни приходи. И покрај слабостите во практичната реализација, правичната застапеност на етничките заедници е позитивна за општеството и преку неа државата ги подобрува услугите кон граѓаните,  изјави Јахиу.

Од Институтот за европска политика велат дека е апсурден случајот со лицата кои примаат плата, а не одат на работа и не работат ништо.

Ваквата пракса е со години по ред критикувана во Извештајот за напредокот на земјава на Европската комисија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.