Во Македонија доаѓа поларна зима и температури до минус 18

Сподели со своите пријатели

Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои поинтензивни ќе бидат на запад, каде на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува и засилен јужен ветер, најавуваат синоптичарите на УХМР.

Capture 1

Loading...

Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег.

Capture

До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови, каде се очекува повеќе од 50 см нов снег.

Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер.

Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.