Во Македонија денеска за прв пат маж ќе го промени полот и ќе стане жена

Сподели со своите пријатели

Хирургот Мирослав Ѓорѓевиќ, кој раководи со Центарот за генитална хирургија во Белград, денеска во клиничката болница „Аџибадем Систина” во Скопје ќе изврши операција и ќе го смени полот на маж кој ќе стане жена, пишува порталот МКД.МК.

Во Македонија ваква операција ќе се изведе за првпат, како дел од симпозиумот за генито-реконструктивна хирургија што од 1-3 јуни се одржува во оваа болница.

Лекарите кои ќе присуствуваат на симпозиумот ќе ја гледаат целата операција на видео-бим во амфитеатарот на клиниката.

Хирургот Ѓорѓевиќ раководи и со Центарот за генитална хирургија во Белград и до сега направил повеќе од 1.500 операции за промена на полот.

Д-р Ѓорѓевиќ е стручен соработник во врвни медицински центри во светот.