Две лица, од кои еден македонски и еден српски државјанин, вчера биле спречени илегално да влезат на територијата на Македонија.
Loading...
– На 19.06.2020 во 11,30 часот во атар на село Лојане,кумановско на гранична линија помеѓу Република Србија кон Република Северна Македонија, полициски службеници од Полициска станица Сопот ги привеле Е.С.(59) од Република Србија и И.И.(53) од село Лојане бидејќи илегално ја поминувале државната граница, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Заради сторен прекршок по чл.68 ст.1 од Законот за гранична контрола, лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Куманово и Полициска станица Табановце за понатамошна постапка.
Никола Ивановски