Во кумановско уапсено лице за инволвираност во шверц на 100 кг марихуана

Сподели со своите пријатели

Во кумановското село Никуштак полицијата привела четириесетгодишен жител на скопско Арачиново кој се сомничи за инволвираност во шверц на околу 100 килограми марихуана.

Loading...

– На 25.08.2022 од страна на полициски службеници од Биро за Јавна Безбедност -Одделот за Криминалистичка Полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога во координација со полициски службеници од СВР Куманово во с.Никуштак, Куманово  лишен е од слобода С.И. (40) од с.Арачиново, Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Како што појаснуваат од полицијата,  лицето е лишено од слобода како резултат на спроведена истрага со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случај на заплена на 100 кг наркотична дрога марихуана на  31.03.2022 во Штип.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕОФИЦИЈАЛНО: Димитриевски победи во Куманово

Од МВР велат дека во рамките на истрагата се обезбедени материјални докази за инволвираноста на наведеното лице во случајот. 

– Во координација со СВР Скопје ЕНТДО и интервентна полиција, по претходна издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом во село Арачиново, при што биле пронајдени мобилни телефони и сим картички, стои во соопштението.

Во текот на вчерашниот ден на лицето му е определена мерка притвор од страна на јавен обвинител и истиот е спроведен во истражен затвор Скопје.

Никола Ивановски