Во кумановско уапсени две лица при обид да криумчарат Кинези

Сподели со своите пријатели

При обид да криумчарат Кинези, две лица во текот на денешниот ден биле приведени во кумановско, а едниот од нив бил вработен во Полициската станица Велес.

Loading...

– Денеска (07.10.2021) во 10.00 часот кај напуштена бензиска пумпа пред с.Воиновиќ, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода С.Ј.(44) од Велес, вработен во Полициската станица Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил затекнат на наведеното место со возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки при обид да преземе четири лица од Кина, кои илегално влегле во државата, за да ги превезе до Гевгелија.

– Во 10.15 часот на бензинска пумпа на автопатот Табановце-Куманово, како соучесник во криумчарењето, од слобода бил лишен и Е.М.(35) од с.Горно Оризари, Велешко за кој постои сомнение дека е организатор и учесник при вршење на делото, стои во соопштението на МВР.

За случајот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради превземање на мерки од нивна надлежност.

Никола Ивановски