Во кумановско уапсен шверцер на мигранти од Бангладеш

Сподели со своите пријатели

На местото викано „Костурник“, атар на село Речица, кумановско, вчера околу 8 часот полициски службеници го привеле И.А.(21) од селото Арачиново.

Loading...

Како што појаснуваат од Министерството за внатрешни работи при контрола на патничко моторно возило „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал И.А., полициски службеници пронашле 15 лица мигранти од Бангладеш.

Возачот и мигрантите биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Leave a Reply