Во кумановските училишта се очекува упис на над 1.000 првачиња (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во тек е процесот за запишување на првачињата во учебната 2022/2023 година во сите основни училишта во Куманово за деца родени во текот на 2016 година.

Loading...

Според податоците од матичните книги на родени годинава се очекува да има околу 1.080 првачиња, но дали толку ќе се запишат не може да се знае со оглед дека е можно во меѓувреме дел од тие деца да биле иселени од земјава или градот.

– Во споредба со минатата година е малку намален бројот, но во споредба со другите општини и во овој Североисточен регион, општина Куманово е најголема, но трендот на иселување и миграција во западноевропски развиени земји продолжува и внатреопштинската миграција е застапена и тоа влијае на учениците за запишување во прво одделение и падот на наталитетот, изјави Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование при Општина Куманово.

 

 

Уписите се вршат со физичко присуство, но ако родителот бил спречен да дојде, тоа може да го стори и електронски преку веб страницата uslugi.gov.mk.

– Потребни документи за запишување се копија од извод на детето, потврда за примена вакцина од надлежна установа, потврда од стоматолог, потврда од офтамолог и секако документ за идентификација на родителот. Уписите се вршат со физичко присуство, но ако родителите не се во државата или од било која друга оправдана причина тоа може да го сторат и електронски, рече Јовановиќ.

Loading...

Тој апелираше до училиштата и родителите да се запази реонизацијата, односно децата да бидат запишани во онаа училиште што го опфаќа реонот во кој децата живеат.

– Постои законска регулатива по која еве апелирам јавно и до родителите и до директорите, да се почитува, бидејќи во спротивно ќе има санкции од страна на Државниот просветен инспекторат, будно ја следиме ситуацијата, точно наталитетот со години е паднат, миграцијата во државата и нашата општина е во подем, но она што е најважно е дека родителите треба да ги запишат во реонот во кој престојуваат, појасни Јовановиќ.

Сепак, според законот детето може да биде запишано во друг реион, доколку во училиштето за кое постои интерес има слободно место, но претходно мора да се обезбедени согласност од училиштето каде ученикот е реонски обврзник.

Согласно законот од 2019 година паралелките може да имаат од 20 до 30 ученици, а за помал број на ученици потребна е согласност од Министерството за образование и наука.

Освен децата родени во 2016 година, право да се запишат во прво одделение ќе имаат и децата родени во јануари 2017та.

Никола Ивановски / Стефан Младеновски