Во кумановските средни училишта тестирањето започна со еден час задоцнување

Сподели со своите пријатели

Екстерното тестирање кое денеска започна да се спроведува за учениците од завршните години потфрли во техничкиот дел, откако еден час доцнеше системот во сите средни училишта во градот.

Оваа информација ја потврдија директорите на средните училишта од Куманово, освен од СОУ „Киро Бурназ“ од каде не успеавме да добиеме повеќе информации.

Во Гимназијата денеска тестирање се спроведуваше на 123 ученици, додека во СОУ „Перо Наков“ 144 Македонци и 21 ученик од албанска националност. Во ОСТУ „Наце Буѓони“ се тестирани 171 ученик од македонските паралелки, додека за албанските не добивме информации.

Тестирањето ќе се спроведува следните неколку дена.